Прва лига: „Романтично“ во Велес, Шкупи само до бод против Академија Пандев

фото: fkrabotnicki.com

Работнички ја оправда фаворитската улога во рамките од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига откако со 4:0 го совлада Скопје.

„Романтичарите“ на стадионот во Велес до победата беа предводени од Велкоски кој реализираше хет-трик, со голови во 11, 52 и 68 минута. Конечниот епилог го постави Гандо Биала во 90 минута.

На теренот во Кичево немаше победникот на дуелот меѓу Шкупи и Академија Пандев (3:3).

Стрелци за актуелниот шампион од Чаир беа Цефас (12`), Данфа (37`) и Хамиди (45+4`). На спротивната страна за „пандевци“ погодоци запишаа Крстевски, Руфати и Трајков.

На табелата Шкупи останува на второто место со 38 бодови, еден помалку од Струга Трим Лум на врвот.

Академија Пандев е на деветтото место со 16 бодови, Работнички на седмото со 24, додека Скопје е на последното 11 место со 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот