Прва лига: Ренова преку Силекс до важни бодови за опстанок

Фото: ФК Ренова/facebook.com/kfrenova

Денеска во 28 коло од Првата македонска лига составот на Ренова во Тетово триумфираше над Силекс со резултат 2:1 во клучна битка за опстанок.

„Гипсарите“ водеа после првото полувреме со прекрасните голови на Шефити во 12 и Јусуфи во 38 минута од средбата.

Гостинот од Кратово успеа само да го ублажи својот пораз со погодокот на Галевски реализиран во 90 минута.

На табелата во шампионатот Ренова е на деветтата позиција со 31 бод, два повеќе од Силекс на 10 место.

Преостанатите средби од рундата ќе се одиграат в недела (13.00 часот): Струга Трим Лум – Пелистер, Работнички – Македонија ЃП, Борец – Шкупи, Беласица – Шкендија, Академија Пандев – Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот