Прва лига: Работнички подобар од Куманово, Кожув рутински

фото: kfsm.mk

Пелистер како гостин го надигра тимот на ФМП Академија, а Кожув најмногу благодарение на Е. Пејн ги освои бодовите на дуелот против Еуро Никел (68:91).

Во рамките од 12. коло во Првата македонска кошаркарска лига составот на Работнички со 77:72 триумфираше над Куманово.

Љ. Младеновски имаше одлична прва четвртина, која ја заокружи со 11 поени, Но, и тоа се покажа како недоволно добро за Работнички да го задржи водството. По истекот на првиот период, Куманово имаше „поен вишок“ (23:22), а комплетната прва петорка се запиша во листата на стрелците.

Иако „црвено-белите“ подобро ја почнаа третата четвртина и се одвоија на неколку поени разлика, нерешено беше и по 28.минути игра (47:47). А таа без многу кошеви според бројот, но тимот од „Градски парк“ Работнички ја реши во своја корист, за водство од 53:51.

Серијата на поени без одговор домашниот тим ја продолжи и во периодот од одлука. Со серија (12:4), Работнички стигна и до двоцифрена предност (65:55).

Прв стрелец за Работнички беше К. Николовски со 19 поени (пет скокови), а кај тимот на Куманово 27 поени (четири асистенции) беа дело на Ј. Црниќ.

Кожув ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Еуро Никел 2005 со 68:91, прв стрелец за гевгелиската екипа беше Е. Пејн со 31 поен (11 скокови, четири асистенции), а во поразените редови А. Марзет забележа 14 поени.

Во последниот трет меч Пелистер како гостин беше подобар од Академија ФМП со 58:68 најмногу благодарение на А. Мекиќ кој забележа 15 поени (пет скокови), по 13 имаа И. Пенов и А. Казарновски (девет скокови). На спротивната страна 22 поени запиша Р. Херис (седум скокови).

Моментно на табелата во шампионатот води МЗТ Скопје Аеродром со 21 бод, колку што има и второпласираниот Гостивар, по 20 Кожув, Работнички и Еуро Никел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот