Прва лига: Победи на Работнички, Чаир и Еуро Никел

Фото: BC ÇAIR 2030

Тимот на Еуро Никел стигна до шестата победа во сезоната откако денес во 11. Коло беше подобар од Академија ФМП со 92:63.

Фаворитската улога на овој натпревар ја имаше тимот од Кавадарци, а победата беше најавена уште на самиот старт со водството од 23:6. Во продолжение успеаа без многу проблеми да ја задржат таа предност до крајот.

Најрасположен во победничкиот беше Планиниќ со 15 поени и осум скока, на спротивната страна до дабл-дабл од 19 поени и 12 скока стигна Коскоски.

Лесна победа забележа и Работнички кој на гости кај Кожув славеше победа од 85:110. Во текот на целиот натпревар гостите беа подобар противник и од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста. Треба да се каже дека за Работнички ова е седми натпревар во низа на кој постигнува повеќе од 100 поени.

Јузбашиќ беше лидер на Кожув со 31 поен и 11 скока, додека Џексон за Работнички уфрли 21 поен и додаде шест асистенции.

Најнеизвесниот натпревар во денешната програма го одиграа Чаир 2030 и Стрмуца, а на крајот славеа чаирчани со 97:92. Неизвесно беше во најголем дел од средбата, а како клучна се покажа четвртата четвртина во која Чаир направи серија од 7:0 со што ја презема иницијативата и не ја испушти преднсота до крајот.

Френклин одигра одличен натпревар за Чаир со 36 поени и 8 скока, додека Крстајиќ ја предводеше Струмица со 26 поени, девет скока и шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот