Прва лига: Пелистер по шокот од Чаир им се врати на победите

Фото: КК Пелистер

Со победа против Еуро Никел 2005 (92:74) во дербито на 18 коло, со која држи приклучок со лидерот.

Брзо „заборавија“ на киксот кој го направија во изминатото коло кошаркарите на Пелистер (пораз од дебитантот Чаир 2030 во Скопје). На вистински начин, со сигурна победа против сосема солидниот состав на Еуро Никел 2005 пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“.

Впрочем, дербито во Битола во кое се сретнаа екипите на Пелистер и на Еуро Никел 2005, ја заокружи викенд-програмата од 18 коло, во кое останува да се доигра уште еден натпревар. Оној на 21 март (вторник) во салата „Шабан Трстена“, каде Чаир 2030 го дочекува актуелниот шампион – МЗТ Скопје Аеродром.

По 18 одиграни мечеви, Пелистер има скор (14-4), додека пак Еуро Никел 2005 сега е на (11-7).

Во натпреварот кој се одигра претходно Гостивар лесно ја оправда фаворитската улога и славеше убедливо против Куманово со 86:64.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот