Прва лига: Пелистер го доби дербито со Работнички во Скопје

Фото: KK Pelister

Кошаркарите на Пелистер вторпат сезонава беа подобри од Работнички. Во последниот натпревар од 13. коло битолскиот клуб славеше победа од 79:88.

Пелистер беше без повредените Стајиќ и Хаџифејзовиќ, но сепак славеа во второто дерби оваа година, по победата против Гостивар пред две недели. Предводени во денешниот натпревар пелистерци беа од одличниот Кени Карпентер.

По добриот старт Пелистер му дозволи на Работнички да се врати во финишот и домаќинот на полувреме замина со негатива од само четири поени (42:46).

Второто полувреме започна ефикасно, двете екипи погодуваа се играше „кош за кош“. Пелистер го покажа квалитетот кога беше најмногу потребно во финишот и на кјрајот славеше заслужена победа од 79:88.

Карпентер постигна 30 поени, дури 20 од нив беа само во првото полувреме. Во редовите на Работнички Малешевиќ постигна 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот