Прва лига: Пелистер го дели врвот со Гостивар, на потег е МЗТ Скопје Аеродром

Пелистер реди победи во кошаркарскиот шампионат/фото: kfsm.mk

Многу работи на мечот од осмото коло во Првата македонска кошаркарска лига во Битола беа решени во првото полувреме, на крајот, убедливи 96:84 за Пелистер против Кожув.

Максимално сериозно тргнаа домашните кошаркари во поход на уште два бода на првенството конто. Брзо го наметнаа својот препознатлив, ефикасен стил на игра. Со многу коша за што сведочи и бројот на дадени поени во првите 10 минути – 29. Од друга страна му дозволија на гостинот од Гевгелија да постигне 17. И во таа рана фаза од натпреварот да играат уште послободно, видливо и на резултатот на полувремето. Имаа „пелистерци“ уште повисоки 55:37, кои според прикажаното во тие 10 минути беа тешки за стигнување во вториот дел од играта.

Гевгеличани добро почнаа по одморот. Со серија од 10:4 се спуштија на 47:59. Но, не направија нешто повеќе од тоа. Стајиќ се погрижи за дополнителен „мир“ во играта на Пелистер, (66:51), за тој трет дел заврши со слични 78:62.

Во оној последниот не се случија поголеми промени, ниту во играта, уште помалку во резултатот. Битолчани умешно ја бранеа двоцифрената предност, и на крајот стигнаа до седмиот триумф во сезоната кој ги става на делба на првото место на табелата заедно со екипата на Гостивар.

Најмногу поени, вкупно 24 имаше Мустафица во победничките редоци, додека 17 запиша Карпентер, иако го почна мечот од клупата за резервни играчи. Во гевгелискиот состав, првиот стрелец во лигата, Американецот Гордон заврши со 23 поени.

Прва лига – мажи
Резултати и двојки, осмо коло

Пелистер – Кожув 96:84

Навико Академија ФМП – Струмица 2022 89:80

Гостивар – Чаир 2030 86:68

ТФТ – Феникс 2010 74:79

Работнички – Куманово 2009 119:83

6 декември (вторник):

18.00 часот МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Табела: Пелистер 15 бодови, Гостивар 15, МЗТ Скопје 13 (-1), Феникс 2010 13, ТФТ 12, Работнички 12, Еуро Никел 2005 11 (-1), Кожув 11, Куманово 2009 10, Шаир 2030 10, Навико Академија ФМП 10, Струмица 2022 9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот