Прва лига: Најубедлива Брегалница, Мирчевски за пресврт против Шкендија

„Пандевци“ иако беа во негатива, на крајот триумфираа против актуелниот шампион Шкендија/Фото: facebook.com/fcshkendija

Се одиграа и преостанатите пет натпревари од 10 коло во Првата македонска лига во кои славеа три домашни екипа, една гостинска, а еден меч заврши нерешено.

Бодовите ги поделија Струга Трим Лум и Борец (1:1), предност за домаќините донесе албанскиот интернационалец Цаке во деветтата минута. Проблемите за гостите се зголемија на стартот од вториот дел кога поради два жолти картони теренот предвреме мораше да го напушти Николовски (50`). Но, и покрај тоа велешани успеаја на крајот да излезат како непоразени, односно во 82 минута стрелаше Љума.

Шкупи со голот на играчот од Руанда, Руватубаје донесе триумф против тимот на Тиквеш (0:1) после половина часа игра. Пелистер останува единствениот во шампионат без триумф, овојпат загуби од Ренова (0:2). Стрелци на головите за „гипсарите“ беа Селмани од пенал (61`) и Шефити (72`).

Најубедлива во ова коло беше Брегалница која со 4:0 го надигра составот на Македонија ЃП. За штипјани два гола запиша Алтимарковски во 27 и 79 минута, пред паузата прецизен од белата точка беше Стојанов (45+2`), а погодок запиша и Босанецот Ескиќ (16`).

Академија Пандев славеше над Шкендија (2:1), тетовските „црвено-црни“ водеа по првиот дел со голот на Дориев (17`). За целосен пресврт на „пандевци“ во второто полувреме се погрижи Мирчевски во 77 и 86 минута. Вчера се одигра првиот меч од оваа рунда, изненадување приреди Скоје совладувајќи го Работнички (0:1).

Табела: Шкупи 23 бодови, Ренова 21, Академија Пандев 18, Брегалница 16, Работнички 15, Шкендија 14, Струга Трим Лум 14, Скопје 12, Македонија ЃП 10, Борец 8, Тиквеш 6, Пелистер 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот