Прва лига: МЗТ убедливо над Академија ФМП, Пелистер тесно против ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром е во сериозна трка да се врати во првата АБА лига/Фото: kfsm.mk

Во претпоследниот меч од последното коло од првиот дел на Првата лига, ТФТ и Пелистер одиграа еден доста израмнет натпревар.

Иако гостите од Битола беа во постојано водство цели 35 минути, за момент дозволија противникот да поведе, но не и да победи на крајот. „Зелено-белите“ ги однесоа бодовите од „Кале“ триумфирајќи со резултат 74:71 во рамките од 11. коло во шампионатот.

Четворица домашни кошаркари имаа двоен број на поени, најмногу 15 – Ташовски, еден помалку Бродвеј. Покрај Малешевиќ, двоцифрени кај победникот беа уште и Кесар и Ѓуроски кои постигнаа по 11 поени.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром слави сигурен триумф против Навико Академија ФМП (96:70) за второ место на табелата по крајот на првиот круг од првенството. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја задржаа онаа победничка форма која трае уште од нивниот престој во Сараево каде во „балонот’ на АБА 2 лигата врзаа три победи. Се префрлија на домашните обврски кошаркарите од Аеродром, а вечерва пред нив падна одличниот состав на Навико Академија ФМП.

Репрезентативниот двоец Крстевски-Стојановски ја диктираше играта во нападот (двајцата по 15 поени, а многу брзо во второто полувреме, бројката од 10 или повеќе поени во домашната екипа ја надминаа Дејвис и Мекиќ.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ, 11. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010 69:71

Ангели – Еуро Никел 2005 46:101

Работнички – Куманово 2009 97:81

Гостивар – Кожув 97:68

ТФТ – Пелистер 71:74

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП 96:70

ТАБЕЛА: Пелистер 22, МЗТ Скопје Аеродром 20, Работнички 18, Навико Академија ФМП 18, Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 17, Гостивар 17, Кожув 16, ТФТ 16, Куманово 14, МЗТ Скопје Уни Банка 12, Ангели 11.

ИДНО КОЛО (25/26/27 декември 2021 год.)

25.12: Ангели – Куманово 2009

25.12: Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка

25.12: Гостивар – Еуро Никел 2005

26.12: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

26.12: ТФТ – Кожув

27.12: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот