Прва лига: МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против ТФТ

фото: kfsm.mk

Освојувачите на трофеите во ланската 2022, ја имаа честа да ја отворат прволигашката кошаркарска 2023 година. МЗТ Скопје Аеродром беше подобар (91:81) од ТФТ во второто полувреме доволно за победа, прва за новиот тренер Драган Николиќ како предводник на популарните „металци“.

Миќовиќ за МЗТ го заврши натпреварот со висок дабл-дабл учинок, со реализација од 34 поени и 17 скокови, за вкупен индекс 41.

Двоен број на поени во домашната екипа имаа и В. Стојановски (14), Д. Стојановски (12), и Кефи 10, доволно за 11 победа во 12 одиграни мечеви во Првата македонска лига.

ТФТ пак имаше цела една петорка со играчи кои се водат како „двоцифрени“. Мекбраер и Ташовски завршија со 16 поени, еден помалку имаше Николов, Андерсон дополни со 12, а Костоски запиша 11.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12 КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 91:81

19 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК):

18.30 часот Пелистер – Гостивар

21 ЈАНУАРИ (САБОТА):

18.00 часот Кожув – Навико Академија ФМП
18.00 часот Еуро Никел 2005 – Струмица 2022
19.00 часот Чаир 2030 – Куманово 2009

22 ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):

20.00 часот Феникс 2010 – Работнички

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 23 бодови, ТФТ 19, Пелистер 19, Гостивар 19, Работнички 18, Феникс 2010 17…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот