Прва лига: МЗТ Скопје ѝ се реваншираше на Академија ФМП!

Турнирот ќе се одржи во организација на кошаркарските клубови ТФT и Навико Академија ФМП/Фото: kfsm.mk

Денеска во заостанат натпревар од шестото коло во Првата лига, екипата на МЗТ Скопје Аеродром триумфираше над Академија ФМП со резултат 95:61.

После обврските во АБА2 лигата каде што обезбедија учество во плеј-офот, „металците“ ги решија сите дилеми уште во првото полувреме против гостите од Кисела Вода.

Доколку во првата четвртина ФМП одржуваше каква-таква резултатска и играчка рамноправност, (само еднаш резултатот беше нерешен, 3:3) работите се сменија на почетокот на втората.

Мекиќ и Крстевски ги диктираа работите во нападот на домашната екипа во која по подолго време се вратија Магдевски и Олуџоби. Како одминуваа минутите, така „аеродромци“ ја покачуваа солидната позитива (25:19) реализирана во десет првите десет минути. До полувремето ја предноста ја зголемија на „плус 16“ (47:31).

Мотивацијата кај „штрковите“ не падна и по одморот. Водени од фактот дека пред непол месец доживеаја вистински дебакл на гостувањето против ФМП Академија (по што дојде смената на првата тренерска позиција), во продолжението, по двете тројки на капитенот Стојановски, за помалку од две минути, веќе беше плус 20 за „сино-белите“ (55:35). Но, тука не застанаа, на средината од третиот период, имаа и уште поголеми (66:39).

Кај стрелците во аеродромскиот клуб доминираа Крстевски и Мекиќ со по 17 поени и капитенот Д. Стојановски со 15 поени.

На спротивната страна 13 поени беа дело на Херис, 12 запиша Крстајиќ, а 10 Атанасов.

После оваа победа играчите на Радуловиќ сега имаат ефект (8-4), и полека се качуваат на првенствената табела на која Академија ФМП е на половичен скор, по 10 победи и порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот