Прва лига: МЗТ се врати на врвот, Работнички едвај до бодовите!

Репрезентативецот Дамјан Стојановски беше најзаслужен за триумфот на „металците“ на гостувањето против екипата на ФМП Академија.

Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром повторно е лидер на табелата во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва на гостински терен ја победи Академија ФМП со 71:66.

Кај стрелците во победничките редови најдобро се истакна Д. Стојановски со 19 поени (седум скокови) и А. Маслинко со 18 поени (осум скокови), а на спротивната страна Н. Блентон запиша 16 поени (пет скокови), следен од Д. Нацевски со „дабл-дабл“ учинок од 15 поени (10 скокови, четири асистенции, по пет украдени и загубени топки).

Два бода потешко од очекувањата освои и Работнички на свој терен во дуелот со Еуро Никел. Средбата заврши 76:74, а гостите од Кавадарци во последната четвртина влегоа со предност од пет поени (55:50).

Прочитајте и...  АБА лигата без шампион, МЗТ повторно со „празни раце“

За тимот од „Градски парк“ прв стрелец беше Л. Младеновски со 17 поени (девет скокови), а кај Еуро Никел 21 кош (шест скокови, четири асистенции) запиша Г. Каплановиќ.

Резултати на другите три натпревари од 15. коло одиграни претходно:
Палистер – Вардар 96:81
Куманово – Кожув 79:67
Гостивар – МЗТ СКопје Уни Банка 89:69

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 27 бода, Работнички и Гостивар по 26, Кожув и Еуро Никел по 25, Куманово 24, Пелистер 22, Академија ФМП 18, Вардар 17, МЗТ Скопје Уни Банка 15.

Прочитај повеќе

Пандевци и фудбалерите на Борец се тестираа на коронавирус

Слободен печат

Повторно скандал во Италија, Јувентус и судијата Орсато ја скроија Серија А

Слободен печат

Партизан демантира дека тренерот Милошевиќ добил шамари од навивачите

Слободен печат

Панчев: Црвена звезда можеше долго време да владее во фудбалска Европа

Слободен печат

Реал Мадрид и понатаму највреден фудбалски клуб на светот

Слободен печат

Криштопанс:  Самсоненко ни вети дека ќе ни исплати тоа што ни должи…

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Болоња ги смирува страстите: Михајловиќ не е позитивен на корона

Слободен печат

На германскиот спорт му се потребни милијарда евра за да преживее

Слободен печат

Одложен приемот на Коби Брајант во Куќата на славните

Слободен печат

Тренерот на Партизан, Милошевиќ добил шамари од „Гробарите“

Слободен печат

Ливерпул се откажа од трансферот на Вернер, нема 60 милиони евра

Слободен печат

Икарди се премисли, останува во ПСЖ

Слободен печат