Прва лига: МЗТ лесно до бодовите против Куманово

„Металците“ во победничка атмосфера пред новата АБА обврска/фото: МЗТ Скопје

Уште еден триумф за играчите на МЗТ Скопје Аеродром во Првата лига, овој пат остварена во вечерашната пресметка на домашен терен против Куманово (86:72) во последниот дуел од шестата рунда.

Клучна за триумфот беше третата четвртина (28:15) во која МЗТ дојде и до „плус 21“ разлика (64:43), предност која искусно ја задржа до самиот крај.

„Сино-белите“ одиграа колку што беше потребно без да се потроши премногу енергија, која и тоа како ќе им биде потребна в недела во дуел од АБА-лигата.

Д. Стојановски беше најпрецизен со 12 поени кај победникот, а на спротивната страна Т. Ален постигна 20 поени.

МЗТ Скопје сега е на учинок 5-1, колку има и Пелистер, додека засега ороводец на прволигашката табела е Гостивар без пораз.

Следниот меч на актуелниот македонски шампион е в недела (27 ноември), а ривал е белградска Мега МИС (21.00 часот) во пресметка од осмото коло од најквалитетното регионално натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот