Прва лига: Кожув со 51 кош разлика ја декласираше Струмица

фото: kfsm.mk

Висок, убедлив триумф за Кожув во струмички Парк“ во 13 коло од Првата македонска кошаркарска лига откако со дури 51 кош разлика ја совлада Струмица со 104:53.

Две четвртини во кои гевгеличани реализираа по 31 поен им беа доволни да слават на гостувањето во струмички „Парк“. Втор по ред триумф за Кожув во 2023 година, а прв за селекторот на најдобрата репрезентација Александар Јончевски како нов-стар шеф на струката во прволигашот.

Егал игра имаше само во втората четвртина, но не и во преостанатиот дел од овој нерамноправен меч во Струмица по кој Кожув исчекори напред во трката за осмото место, последното кое води во плеј-офот. А му го остави „фенерот“ на тимот од Струмица кој останува на оние две победи.

Моменти кои ги искористи најдобриот стрелец во лигата Мајрон Гордон со 28 поени, додека Стефан Крстајиќ беше прв стрелец кај струмичани.

Се одигра уште еден меч, составот на Еуро Никел славеше против Куманово со конечен резултат 63:72. Еуро Никел по третиот триумф во низа е петтопласиран со 21 бод, Кожув е на осмата позиција со 18, веднаш пред Куманово (16), а Струмица е на последната 12 позиција со 15 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот