Прва лига: Кожув не ја повтори грешката од Гостивар

facebook.com/pg/kkgostivar

Караколев го водеше Еуро Никел 2005 до триумф над младите „металците“, а Лесколт и Ефремовски за нови бодови на Работнички во „Градски парк“.

Дербито на 14. коло од Првата македонска лига во целост ги оправда очекувањата. Барем според неизвесноста, од причина што ниту една од екипите не направи поголема предност во текот на 40 минути.

Нерешено беше по 32. минути од играта, кога Пејн погоди за три поени (64:64). Идентичен резутат, без ничие водство имаше и на нешто помалку од четири минути пред крајот кога беше (73:73).

Нерешени (77:77) стоеја и на 1:50 минути до крајот, кога од линијата за слободни фрлања поентираше Костоски.

Костоски погоди и за три поени, со кои на 40. секунди пред крајот уште еднаш го израмни резултатот (82:82). А во нив прво Зданавичиус, а потоа и Пејн, од линијата за слободни фрлања, донесоа предност, овој пат недостижна, на домашната страна (87:82).

Кај стрелците во победничките редови 27 поени беа дело на Пејн, следен од Зданавичиус со 21 поени и 10 скокови, а на спротивната страна 25 поени и 11 скокови запиша Ѓелетовиќ.

Во другите две средби Еуро Никел 2005 славеше против МЗТ Скопје Уни Банка (80:65) најмногу благодарение на Караколев кој запиша 16 поени, додека Работнички во својата „Градски парк“ ја оправда фаворитската улога против Академија ФМП (88:60).

За тимот на Работнички најефикасни беа Лесколт со 16 поени (шест скокови), колку што имаше и Ефремовски.

На табелата на делба на првото место се наоѓаат дури четири екипи Кожув, Работнички, Гостивар и Еуро Никел со по 24 бодови, додека 23 има шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој својот меч ќе го има в недела против Пелистер, а Вардар пред своите навивачи ќе го пречекува Куманово кој е на шестото место со 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот