Прва лига: Една четвртина му беше доволна на Работнички против Куманово

Работнички ја продолжува победничката серија во кошаркарскиот шампионат/фото: kfsm.mk

Работнички не запира во Првата македонска кошаркарска лига, ниту Куманово не беше пречка за продолжение на победничката серија (119:83).

Првите 10 минути им припаднаа на гостите стекнувајќи позитива од „плус пет“ (27:22). Но, сè се промени со почетокот на втората, онаа најдобрата за Работнички во која постигна дури 37 поени, прими само 14, за негативата од пет поени да ја претворат во убедлива предност (59:41).

И повторно Форте беше носител на оние офанзивни активности, за три четвртини собра 22 поени, до крајот 26, а имаше и 10 скокови и девет асистенции. Во новото, скромно издание на кумановските „сино-бели“, Ален дојде до 29 поени.

Прва лига – мажи
Резултати, двојки (осмо коло)

Работнички – Куманово 2009 119:83
Гостивар – Чаир 2030 86:68
ТФТ – Феникс 2010 74:79

4 декември (недела) –
18.00 часот Навико Академија ФМП – Струмица 2022

5 декември (понеделник) –
18.30 часот Пелистер – Кожув

6 декември (вторник) –
18.00 часот МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Табела: Гостивар 15 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 13, Пелистер 13, Феникс 2010 13, ТФТ 12, Работнички 12, Еуро Никел 11, Кожув 10…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот