Прва лига, деветто коло: ТФТ во обид да ги сопре „металците“

Викендов продолжува Првата кошаркарска лига со натпреварите од деветтото коло/Фото: kfsm.mk

Деветтото коло во Првата македонска кошаркарска лига ќе биде биде поделено на два дела, три натпревари ќе се играат во сабота, а три еден ден подоцна.

Во центарот на вниманието ќе биде дуелот в недела од 17.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје во кој кошаркарите на ТФТ го дочекуваат актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром.

МЗТ Скопје Уни Банка ќе го отвори ова деветто првенствено коло против актуелниот вицешампион, Еуро Никел 2005. Еден час подоцна, но во „Кале“, Работнички е домаќин на сè подобриот Кожув, додека саботната програма ќе финишира со средбата во Гостивар, каде од 19.00 часот, гостува Навико Академија ФМП.

Во недела, освен средбата во СРЦ „Кале“, следуваат уште две. Во Кисела Вода, во истиот термин од 17.00 часот, екипата на Ангели го пречекува лидерот во прволигашката конкуренција – Пелистер, зад кого се осум победи по ред. Од 18.00 часот, Куманово 2009 ќе се обиде да ја прекине поразителната серија против Феникс 2010.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

САБОТА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005

18.00: Работнички – Кожув

19.00: Гостивар – Навико Академија ФМП

НЕДЕЛА:

17.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

17.00: Ангели – Пелистер

18.00: Куманово 2009 – Феникс 2010

Табела: Пелистер 16 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 15, Гостивар 13, ТФТ Скопје 13, Работнички 13, ФМП Академија 13, Феникс 2010 12, Кожув 12, Еуро Никел 11, Куманово 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, КК Ангели 8.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот