Прва кражба на ковид вакцини: Украдени три шишиња со 18 дози во Полска

Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski POLAND OUT

Првата кражба на вакцини против коронавирусот е регистрирана синоќа во Полска, кога непознати лица упаднале во центарот за вакцинација во Илово-Осада на северот на земјата и ги украле сите три шишиња со 18 дози колку што имало во фрижидерот.

– Кражбата ја пријави вработен во центарот. Утврдено е дека се украдени три шишиња со вакцини против коронавирусот, односно 18 дози, изјави портпаролот на локалната полиција, Јустина Новицка за телевизијата „Полсат“.

Во Илово-Осада живеат околу 3.000 луѓе и крадците ги украле вакцините за најстарите жители на кои веќе им е даден датум за вакцинација, па морале да го одложат, пренесе полското радио РМФ.

Полска почна со вакцинација, како и останатиот дел на Европската Унија (ЕУ) на 27 декември, а од понеделникот се вакцинираат највозрасните Полјаци кои аплицирале за вакцинација.

Досега, според денешните податоци на полското Министерство за здравство, вакцинирани се 905.500 лица од кои 123.000 ја примиле и втората доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот