Прва годишнина без него… Љубовната приказна на Кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип

кралицата елизабета втора принц филип
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

„Толеранцијата е единствената суштинска состојка на секој среќен брак“, рече Филип на нивната 50-годишнина од бракот. А овој викенд единствено нешто што требаше да го толерира Кралицата Елизабета Втора беше неговото отсуство, нејзиниот животен партнер и вечна љубов, на денот на 74-годишнината од нивниот брак.

Овој викенд беше првата годишнина од бракот на Кралицата Елизабета Втора и Принцот Филип откако тој почина пред поливина година. По редицата медицински проблеми со кои се соочуваше Елизабета изминатите недели, скршено срце беше уште едно нешто за кое беа сите загрижени за неа овој викенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

За британскиот народ, тој беше кралскиот сопружник со најдолг стаж во историјата на нацијата, служејќи заедно со кралицата 65 години. Земјата – и светот – му оддадоа почит на принцот Филип по неговата смрт во април оваа година откако тој почина на своја 99-годишна возраст. Но, за неговата сопруга, кралицата Елизабета Втора, со смртта на Филип заврши 73-годишниот брак – кој започна како љубовна приказна од бајките меѓу младата принцеза и нејзиниот постар братучед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Филип и Елизабета првпат се вкрстиле во 1934 година на венчавка во кралското семејство, а потоа се сретнале како што треба пет години подоцна во 1939 година, кога таа имала 13 години, а тој 18 – првиот пат кога таа рече дека се сеќава дека го запознала. Принцезата ги придружувала своите родители на посета на британскиот Кралски Поморски Колеџ каде тој бил кадет.

Двајцата имаат многу различна позадина на воспитување.

Згоден и спортски, Филип е светски човек кој живее во Париз, Германија и Обединетото Кралство, откако неговото кралско семејство е принудено да ја напушти родната Грција. Поминува голем дел од своето детство одвоено од родителите и продолжува да служи на Медитеранот и Пацификот за време на Втората светска војна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Во меѓувреме, Елизабета се образува дома и не го напушта Обединетото Кралство.

Според писмото што го напишала во 1947 година, таа и Филип поминувале повеќе време заедно по војната, кога тој бил стациониран во училиште за поморски офицери и поминал викенди и долг одмор со нејзиното семејство.

Нивните различни мината се причината  за загриженост за другите членови на кралското семејство, според Клајв Ирвинг, авторот на „Последната кралица: Како кралицата Елизабета Втора ја спаси монархијата“.

„Пред да се венчаат, има многу двоумење во судот и палатата околу тоа дали тој е вистинскиот“, рече тој.

Сè се одвивало и под сенката на кралот Едвард Осми, кој абдицирал во 1936 година откако се вљубил во Американка Волис Симпсон, која двапати била разведена. Едвард одлучи да се повлече од монархијата наместо да се откаже од неа.

„Постои загриженост за институцијата на монархијата, исто како и за бракот“, објаснува Ирвинг.

Елизабета и Филип ја објавуваат својата свршувачка во јули 1947 година, и се венчаат нешто повеќе од четири месеци подоцна, а идната кралица широко се насмевнува на фотографиите со нејзиниот нов сопруг. Како и другите невести во годините по Втората светска војна, Елизабета мора да користи купони за даноци за да купи материјали за нејзината венчаница.

Самата венчавка беше голем настан, со 2.000 гости во „Westminster Abbey“, прием во Бакингемската палата и свадбена торта висока 9 метри.

„Се однесуваме како да сме си припаѓале еден на друг со години. Филип е ангел – тој е толку љубезен и внимателен“, напишала Елизабет во писмото до нејзините родители веднаш откако се венчале.

Филип, кој се стекнува со титулата Војвода од Единбург и ја повлекува својата грчка кралска титула, е опседнат со својата нова млада сопруга.

„Мојата амбиција е да нè вклопам двајцата во ново комбинирано постоење, кое не само што ќе може да ги издржи шоковите насочени кон нас, туку и ќе има позитивно постоење на подобро“, напишал тој набргу по свадбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Ова обожавање е јасно и на таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, кој ја возвишува својата љубов во писмо за својата ќерка по нејзината венчавка, изразувајќи колку ќе му недостига.

„Можам да видам дека сте возвишено среќни со Филип, што е вистинско, но не заборавајте нас“, напиша тој.

Двојката наскоро добива деца – принцот Чарлс пристигнува само една година по венчавката, а принцезата Ана две години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Во текот на овие рани години, Филип се концентрира на својата воена кариера и служи како командант на брод на Кралската морнарица. Двојката живее на Малта од 1949 до 1951 година, каде што Елизабета е помалку принцеза а повеќе сопруга на офицер.

Ова безгрижно постоење завршува со неочекуваната смрт на таткото на Елизабета во 1952 година, само пет години по свадбата на Елизабета и Филип.

Елизабета го презема тронот, а воената кариера на Филип завршува кога тој ја презима улогата на кралски сопружник, на кој на почетокот му е тешко на Филип да се прилагоди.

Бидејќи се толку долго во брак, бракот еволуира и на крајот е многу подобар отколку што започнува. Огромен невидлив дел од работата и наследството на принцот Филип е поддршката што ѝ ја дава на кралицата, што е непроценливо за неа. Фактот што нејзиното владеење е толку долго и успешно е во голема мера долг на неговата работа од зад сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eda Colak (@eddadaily)

И иако тој често беше сликан како стои или чекори зад својата сопруга, Филип беше повеќе од само нејзин партнер и во нивниот домашен живот и во монархијата.

Во тие први години од нејзиното владеење, таа носи одлука дека ако таа треба да биде шеф на државата, тој ќе биде глава на семејството. Во формалните говори, кралицата ја призна неговата клучна улога во нејзината поддршка во текот на нејзиното владеење.

„Принцот Филип, верувам, е добро познат по одбивањето комплименти од секаков вид. Но, во текот на целиот период, тој беше постојана сила и водич “, рече Елизабета во март 2012 година додека се обраќаше во Парламентот за нивниот дијамантски јубилеј.

Иако често беа разделени од пензионирањето на Филип, парот помина голем дел од пандемијата заедно во замокот Виндзор. На нивната последна годишнина, палатата објави фотографија од парот како чита честитка од децата на принцот Вилијам, нивните правнуци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Самиот Филип ја понуди својата тајна за нивниот среќен брак во говорот одржан на нивната 50-годишнина од бракот.

„Главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е единствената суштинска состојка на секој среќен брак. Можеби не е толку важно кога работите одат добро, но апсолутно е од витално значење кога работите стануваат тешки – ви велам, кралицата има квалитет на толеранција во изобилство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_f.a.m.i.l.y)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот