Прва фотографија по 15 години на ќерката на Милошевиќ: Погледнете како изгледа денес

Марија и Слободан Милошевиќ / Фото: EPA PHOTO EPA FILES/PEDJA MITIC SERBIA OUT

Ќерката на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ, Марија Милошевиќ (56), веќе 15 години не се појавува во јавноста, а на 17 септември годинава, новинарите на Ленс ја сликаа во Црна Гора, односно Цетиње.

Марија Милошевиќ / Фото: Објектив.рс

Имено, како што може да се види на фотографијата, таа е облечена во црно од глава до пети, и како што претходно напиша Објектив, таа одлучи да ги пренесе посмртните останки на нејзиниот татко, Слободан Милошевиќ, од дворот на семејната куќа во Пожаревац во Црна Гора, до Цетиње.

Добро информиран извор за објектив.рс наведува дека таа сериозно работела на подготовките за овој чин во последните месеци, а канонски непризната црногорската православна црква уверува дека се подготвени да служат на погребот на починатиот претседател на СРЈ.

Извор: Објектив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот