Прва доза вакцина примиле 49,4 отсто од населението над 18 години

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17-ти октомври, со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 49,4 отсто од населението над 18 – годишна возраст. Кај лицата над 40 – годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57 отсто, кај лицата на возраст од 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (65,1 отсто), Кавадарци (65,3 отсто), Неготино (66,3 отсто), Гевгелија (62,4 отсто) и Ресен (60,6 отсто). Меѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип. Меѓу 40 до 50 отсто опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово. Меѓу 30 до 40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и ги повикуваат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот