Прв викенд по олабавување на мерките, плажите во Грција се преполни со луѓе (ВИДЕО)

Прв викенд без било какви рестрикции од започнување на кризата со Ковид-19 и жителите на Атина ги наполнија локалните плажи.

Високите температури и убавото време ги натераа Грците да ги напуштат домовите и да уживаат на плажа, каде не се почитуваше социјалната дистанца, иако таа се уште е една од препорачаните мерки поради пандемијата.

Плажата на грчкото езеро Вуљагмени, потоа плажите Кавури и Глифади се преплавени од млади луѓе и семејства со деца, а температурата викендов во Атина се очекува да достигне и до 35 степени.

Останува да се види колку гужва ќе биде наредниот викенд, кога метеоролозите предвидуваат температури од 35 до 40 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот