Прв училиштен ден: Насмевките на децата видливи и под маските (ВИДЕО)

Од денеска започна новата учебна година, а учениците до трето одделение со маски и максимално почитување на препораките за заштита од ковид-19 се упатија кон училиштата во придружба на своите родители. 

Наставната година е поинаква од сите претходни досега, а поголемиот дел од наставата ќе се одвива онлајн, освен за учениците до трето одделение, како и за оние средни училишта ширум земјава кои добија дозвола да организираат настава со физичко присуство.

Во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, првачињата, но и сите останати ученици до трето одделение, пристигнаа во училиште, поделени во повеќе групи и во различно време, со цел да се избегне групирање.

Директорот на училиштето Марјан Јовановски истакна дека е задоволен од тоа како поминува првиот училиштен ден, а изрази и надеж дека така ќе биде и во иднина.

– Kако што гледате, денеска е првиот училиштен ден, поразличен од сите останати години. Приемот на учениците кои се со физичко присуство се одвива непрекинато, мирно, се гледа задоволство и кај наставниците и кај учениците. Протоколите се запазени, бариера за дезинфекција на стапала, дезинфекција на раце има поставено на влезот од училиштето, а се врши и мерење на телесна температура. Има и претставници на МВР кои се овде превентивно. Можам да кажам дека досега сѐ се одвива во најдобар ред – изјави директорот Марјан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот