Прв турски војник загина во офанзивата против курдските сили во Сирија

Фото: Профимедиа

Прв турски војник загина во борбите против курдските борци во Сирија, каде Анкара започна воена офанзива оваа недела, објави турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти денеска дека војникот, „брат по оружје”, е убиен во вчерашните судири против „терористите” од курдската Единица за заштита на народот во Сирија, во зоната на операцијата „Извор на мирот”.

Турција во средата започна воена офанзива против курдските борци во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера на итен состанок не успеа да се усогласи за заедничката изјава во која се изразуваше „длабока загриженост” и ја повикуваше Анкара да ја „запре” офанзивата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот