„Прв состанок“: Синди Крафорд објави слика стара 26 години на која е со сегашниот сопруг (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Некогашниот топ модел, Синди Крафорд (54), на Инстаграм објави фотографија од 1994 година, на која се наоѓа со својот денешен сопруг Ранде Гербер (57).

Тие двајца се веќе 22 години во брак, а сликата датира од нејзиното прво заедничко патување, кога се уште биле во врска.

Синди очигледно се присетила на денот кога таа и бизнисменот ја почнале својата врска и отишле на патување како љубовен пар, па оваа слика ја сподели со своите фанови.

Сликата ја објави поради предизвик на социјалните мрежи, а кој се вика „First date challenge“ и подразбира да објавите слика од првиот состанок со партнерот, доколку некој ве предизвика.

„Наше прво патување во 1994 година. Мислам дека оваа фотографија може да се искористи“, напиша Синди во описот на својата слика која ја објави на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот