Прв состанок на работната група за процесот на ветинг во МВР

Се одржа првиот состанок на работната група формирана од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по заклучок на Владата, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи, односно да изготви предлог – план на мерки, активности и динамика за спроведување на ветингот.

Состанокот го отвори и на него присуствуваше министерот Спасовски. Со состанокот модерираше државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска. Спасовски ги појасни причините од кои произлезе потребата за овој процес, очекувањата ветингот да биде инклузивен, транспарентен и објективен, како и роковите за извршување на поставената задача од страна на работната група.

Со цел да се обезбеди транспарентност и максимална инклузивност на сите субјекти кои можат да дадат придонес во дефинирање на процесот, работната група ги вклучува вработените во МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставниците на меѓународни организации (Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на САД во Скопје), невладиниот сектор и академската јавност. Работата на групата ја предводи и со неа претседава професорот д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

На состанокот се утврдија насоките за понатамошните активности, со цел воспоставување на соодветна рамка за текот на процесот ветинг на вработените во Министерството за внатрешни работи, која ќе ги опфати сите потребни елементи и принципи за ефикасно спроведување на процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот