Прв состанок на политички директори на САД-Јадранската повелба под претседавање на Северна Македонија

Фото МИА

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба (А5), во Скопје, се одржа првиот заеднички состанок на политички и одбранбени директори од министерствата за надворешни работи и министерствата за одбрана на земјите-членки и набљудувачи на Повелбата, информираат од МНР.

-Нашето претседавање коинцидира со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, при што на состанокот беа поздравени досегашните постигнувања на А5 рефлектирани во соодветно зачленувањето на четири земји од Повелбата во НАТО Алијансата. Оттука, во фокусот на разговорите на состанокот беа начините за ревитализација и адаптација на иницијативата кон новата безбедносна реалност и актуелната регионална динамика. Целта е да се зајакне политичката улога на Повелбата и да се креираат нови механизми за соодветно адресирање на актуелните безбедносни предизвици во регионот, соопштуваат од МНР.

Воедно, на состанокот станало збор и за последиците од руската воена агресија во Украина врз регионот, со посебен акцент на сајбер и хибридните закани, ранливоста на критичната инфраструктура и справувањето со дезинформации. Биле разгледани начините за зајакнување на отпорноста преку заеднички дејствија и соработка.

Дополнително, бил усвоен и Акцискиот план на претседавањето на Северна Македонија САД-Јадранската Повелба во тековната година.

-А5 е уникатен форум на соработка, кој во своите редови покрај земјите од регионот ги има и САД, како наш стратешки партнер. Поконкретно, во Повелбата членуваат Албанија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Словенија и Косово имаат статус на земји-набљудувачи. Формирана во 2003 г., оваа организација две децении генерира безбедност и стабилност во овој дел од Европа, истакнуваат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот