Прв состанок на новата израелска Влада

Новата израелска влада, предводена од премиерот Нафтали Бенет, го одржа првиот состанок синоќа откако беше избрана од парламент порано истиот ден.

Бенет го водеше состанокот, кој беше отворен за новинари.

– Ние сме на почеток на нови денови, рече тој, нарекувајќи го „чудо” составот на новата влада.

Бенет вети дека владата ќе работи на намалување на јазот меѓу луѓето, по две години „политички ќорсокак”.

Тој рече дека следните состаноци на Владата ќе ги одржи во недела наутро, со очигледна намера да го критикува Нетанјаху, кој беше познат по одложувањата на состаноците, јавија локалните медиуми.

Бенет апелираше до министрите да покажат воздржаност во врска со бројните идеолошки разлики меѓу членовите на владејачката коалиција, со цел да се обезбеди стабилност на владата.Новата владина коалиција првите две години ќе ја води лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет, а потоа Јар Лапид од Јеш Атид исто толку време.

Бенет е 13 премиер во современата историја на државата. Нетанјаху беше премиер во изминатите 12 години и против него има обвиненија за корупција. 

Видео на денот