Прв смртен случај од инфекција со омикрон во Израел

Во Израел е регистриран новсој коронавирус/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Во Израел е регистриран првиот смртен случај од инфекција со новиот вид на коронавирусот, омикрон. Според

Медицинскиот центар „Сорока“ во Бершева на југот на земјата, починал 60 годишен маж кој боледувал од други болести и примил само две дози од вакцината. Најмалку 341 лице се заразени со сојот омикрон во Израел досега, соопшти вчера Министерството за здравство.

Ова е сè уште само мал дел од илјадниците моментални случаи на инфекција, но бројот на новозаразени со омикрон е двојно зголемен за само еден ден.

Според Министерството, 234 заразени лица се вратиле од странство, додека 29 биле во контакт со повратници од странство, пишуваат израелските медиуми. Стапката на зараза расте во последните денови, но бројките на сериозни случаи на ковид-19 и хоспитализирани се стабилни. Поради зголемувањето на бројот на заразени и малиот процент на вакцинирани деца, Израел од недела ќе отвори места за вакцинација во трговските центри. Од почетокот на пандемијата, 8.232 Израелци починале од компликации поврзани со инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот