Прв случај на заболен со коронавирус во Тетово

Маж од Тетово на 69 годишна возраст е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирус, изјави денес д-р Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје при посетата на Тетовскиот центар за јавно здравје.  Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.

-Сношти е утврдено дека маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово. Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, рече Мемети.

Во Тетово досега се направени над 30 тестови.

-Тестовите се прават во на Институт за јавно здравје Скопје во лабораторија за вирусологија и дијагностика. Во моментов тука имаме пет пункта за рурални места, се земаат епидемиолошки анкети, вклучени се и матични лекари, рече Мемети.

Тој заедно со претседателот на комисија за заразни болести д-р Жарко Караџовски се сретнаа со директорите на Центарот за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.

-Задоволни сме од пристапот на тетовските установи. Апелираме граѓаните да ги почитуваат  правилата и препораките на Светската здравствена организација и да се прават тестови на сомнителни случаи по индикација, рече Мемети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот