Прв случај на позитивен на коронавирус во Пробиштип

Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информираше денеска градоначалникот на Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

– Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро, вели Анастасов.

Тој додаде дека општината ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки и оти на денешната седница на Советот е донесена одлука за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување со зголемување на средствата, така што општината е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за заштита на населението.

– Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани, согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од патувања во други градови, а на оние наши граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период што ни следи, бидејќи водиме битка со многу лош и непредвидлив вирус, кој секојдневно кажува дека нема правила, вели Анатасов.

Во изминатиот период во општина Пробиштип контиунирано се врши дезинфекција, затворен е Градскиот пазар, игралиштата, а на вработените во сите институции им се дадени заштитни маски. Обезбедени се и прехранбени пакети на семејствата од социјален ризики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот