Прв случај на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот во Белгија

Ковид Австрија
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

 Идентификуван е еден случај на сојот Ну во Белгија, соопштија болниците.

Сојот Б.1.1.529 првично детектиран во Јужна Африка, и попознат под името Ну има многу брз капацитет на репродукција и е веќе присутен во повеќе земји.

Пред неколку минути белгиската Универзитетска болница во градот Лувен информираше дека едно лице во Белгија е инфицирано од овој нов и високоризичен сој, објави јавниот сервис, РТБФ.

За сега нема повеќе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот