Прв случај на коронавирусот во Австралија

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Здравствените власти велат дека пациентот не е во многу сериозна состојба.

Австралија денеска потврди за прв случај на новиот вид коронавирус во државата Викторија, додека сојузната влада ги повика граѓаните да не патуваат во кинеската провинција Хубеи, епицентар на епидемијата.

– Кинез на возраст од 50 години кој бил во Вухан, е во стабилна состојба во болницата во Мелбурн, откако пристигнал со авионски лет од Гуангжу на 19 јануари, изјави министерката за здравство на државата Викторија, Џени Микакос.

– Важно е да се потенцира дека нема причина за тревога за заедницата, додаде таа.

Здравствените власти велат дека пациентот не е во многу сериозна состојба.

Бројот на смртни случаи од грип предизвикан од вирусот се зголеми на 41 лице додека бројот на заразени лица ширум светот се зголеми на 1.300, но повеќето случаи, а и сите смртни случаи, се пријавени во Вухан, каде службениците воведоа строги ограничувања за патувања и јавни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот