Прв случај на коронавирус во српската Влада

Со коронавирус е заразен државниот секретар на Министерството за заштита на животната средина во Србија Бранислав Блажиќ, пренесува „Б92“.

Министерот за заштита на животната средина во земјата Горан Триван, потврди за српскиот медиум дека Блажиќ е сместен на Инфективната клиника во Белград.

– Се лекува на Инфективната клиника, се наоѓа во стабилна состојба – рече Триван.

Секретарот Блажиќ е од Кикинда, град кој едно од жариштата на епдемијата на коронавирусот во Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, сите од Министерството за заштита на животната средина кои биле во контакт со него се испратени во изолација, а самиот министер Триван само телефонски контактирал со Блажиќ и со сите останати со кои државниот секретар контактирал лично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот