Прв случај на коронавирус во Либија

Овој здравствен систем беше пред колапс и пред коронавирусот, изјави шефицата на мисијата на Светска здравствена организација, Елизабет Хоф.

Либија вчера го потврди првиот случај од новиот коронавирус. Националниот центар за контрола на болестите, кој дејствува во областите што се под контрола на двете ривалски страни, не даде повеќе детали, освен дека пациентот е хоспитализиран во Триполи.

И меѓународно признаената влада во Триполи и администрацијата во Бенгази, воведоа забрана за движење помеѓу градовите, ги стопираа патувањата во странство и ветија ресурси за здравствените услуги.

Овој здравствен систем беше пред колапс и пред коронавирусот, изјави шефицата на мисијата на Светска здравствена организација, Елизабет Хоф.

Таа додаде дека ограничена е заштитната опрема и има сериозен недостиг од медицински кадар.

Постои национален план за финансирање, но се уште не е подготвен за имплементација, истакна Хоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот