Прв Скопски поетски фестивал: Мултимедијално поврзување на поетската сцена

Првото издание на новооснованиот интернационален Скопски поетски фестивал со учество на десетина домашни и пет поети од странство ќе се одржи од 1 до 3 септември во МКЦ.

На отворањето на фестивалот, на први септември од 19 часот, во МКЦ – Скопје, ќе читаат петнаесетина поети на настанот наречен „Стихофренија“, тематско поетско читање посветено на народната поезија и фолклорот воопшто, а за таа цел читањето ќе биде и музички поддржано со настап на дел од членовите на ВИС „Тркалезна маса“.

Истата вечер ќе биде отворена и ликовна изложба на која 16 ликовни уметници и графички дизајнери ќе се претстават со свои дела што се директно инспирирани или комуницираат со конкретна песна од секој од поетите што ќе настапат на фестивалот.

На втори септември ќе бидат претставени поетите од странство: Сергеј Тимофеев од Латвија, Марија Дејановиќ од Хрватска, Танос Гогос од Грција, Ким Симонсен и Вонбјошт Ванг од Фарските Острови, како и македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе се емитуваат и неколку куси поетски филмови: дел од нив се наменски снимени и инспирирани од песни на поетите што ќе читаат на интернационалната вечер, со авторство на Валентина Бактијаревиќ од Србија.

Остварена е соработка и со „Киноскоп“, фестивал на аналогни и експериментални филмови од Белград, Србија, чиишто селектори направија избор од шест куси поетски филмови на автори од САД, Јапонија, Германија и Канада.

За третиот ден на фестивалот, планиран е мастерклас, односно работилница за креативно пишување поезија што ќе се одржи преку платформата „Зум“ во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје и Институтот за македонска литература. Работилницата ќе ја води Ким Симонсен од Универзитетот во Амстердам, кој вакви работилници одржал и на други универзитети, како што се Оксфорд и Станфорд.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Младинскиот културен центар ‒ Скопје, како и од винаријата „Стоби“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот