Прв РУСКИ РОБОТ со големина на човек: ФЕДОР одлета во вселената (ВИДЕО)

Youtube

Русија лансираше ракета која на Меѓународната вселенска станица носи робот со големина на човек, пренесува Би-би си.

Леталото е лансирано од космодромот во Бајконур во Казахстан и би требало на станицата да стигне во сабота.

Роботот Федор е првиот руски робот во вселената. Висок е 180 см и тежок 160 килограми.

„За 10 дена на Меѓународната вселенска станица Федор ќе научи нови вештини како што се спојување на електрични кабли, користење на шрафцигери и клучеви, користење на апарати за гаснење пожар“, рекол Александар Блошенко од руската вселенска агенција.

Се очекува со тек на време Федор да извршува и поопасни задачи, како на пример шетање низ вселената.

Тој не е првиот робот испратен во вселената. Америка пратила робот во 2011 година, а Јапонија во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот