Прв роман: „Суво мастило“ од Владимир Илиевски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави романот „Суво мастило“ на македонскиот писател Владимир Илиевски. Дејството на романот го опфаќа бурниот период на преминот меѓу 19 и 20 век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија…).

Авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост. Главниот лик, односно еден од трите главни лика во романот е хрватскиот пронаоѓач Едуард Пенкала, кој патентирал околу 80 пронајдоци, меѓу кои и хемискиот молив, наречен по него – пенкало.

Владимир Илиевски (Скопје, 1970) е поет, прозаист и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на поетските книги: „Гледач на линија“ (1997), „Избор и случајности“ (2000), „Мојата лична амортизација“ (2002), „Нема исти утра“ (2008), „Ноќна еротска програма“ (2011), „Лични податоци“ (2014), „Брзината не убива“ (2016), на книгата од областа на книжевната теорија „Цитатноста во лириката“ (2007), како и на книгата со раскази „Пената на црниот бран“ (2918). „Суво мастило“ е прв роман на Владимир Илиевски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот