Прв ривал на младинките на ЕХФ шампионатот е Босна и Херцеговина

Фото: macedoniahandball.com.mk

Денеска во Скопје македонската женска младинска репрезентација го започнува својот настап на У19 ЕХФ шампионатот кој ќе се одржи во нашиот главен град од 10-18 јули 2021 година.

Во рамките од групата „Б“ нашите ракометарки ќе се соочат со селекцијата на Босна и Херцеговина со почеток од 20.30 часот.

Составот на Македонија за денешниот прв меч: Ј. Трајкоска, С. Софтоска, И. Џатевска, А. Коловска, М. Јовановска, Т. Дукоска, И. Арсениевска, А. Јанкуловска, А. Костовиќ, М. Пешиќ, А. М. Коларовска, С. Миновска, Е. Ризоска, И. Младеновска, К. Дамјаноска, Е. Кирова. Селектор: Љубомир Савевски.

Во истата група се наоѓаат и селекциите на Холандија, Фарски Острови и Косово.

Првопласираните две селекции ќе се пласираат во плеј-офот, а истото важи и за групата „А“ каде што веќе се одигра еден дуел, Белорусија со 23:22 триумфираше над Исланд.

Во вториот меч од стартната рунда Финска за ривал ја има репрезентацијата на Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот