ПРВ РАЗГОВОР МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ: За што зборувале двајцата лидери? - Слободен печат
ВестиПланета

ПРВ РАЗГОВОР МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ: За што зборувале двајцата лидери?

Новиот украински претседател, во понеделникот предложи состанок со Путин со цел да се реши кризата меѓу двете земји.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот нов украински колега Владимир Зеленски, разговарале за конфликтот на исток во Украина, во текот на својот прв телефонски разговор, соопшти денеска Кремљ.

Тие разговарале и за прашања поврзани со решавање на конфликтот на југоисток во Украина, како и за заедничка работа за враќање на затвореници на двете страни, рече Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Новиот украински претседател, во понеделникот предложи состанок со Путин со цел да се реши кризата меѓу двете земји. Тој предложи разговор во кој би учествувале и лидерите на САД и Британија.

Песков додаде додека дека двајцата лидери телефонски разговарале и за можноста за продолжување на контатктите во облик на форматот од Нормандија.

По тој дипломатски формат од 2014 година комуницираат претставниците на Париз, Москва, Киев и Берлин во врска со прашањето за војната во Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close