Прв разговор меѓу Бајден и Макрон: Големо поклопување на ставовите за главните меѓународни прашања

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, вчера телефонски разговараа, за прв пат откако Бајден ја презеде функцијата во САД, минатата недела.

Во разговорот, Бајден изразил желба да ги зајакне билатералните врски, соопшти Белата куќа.

Британските медиуми пренесуваат дека Бајден ја потенцирал неговата посветеност на зајакнување на трансатлантските односи преку НАТО и американското партнерство со Европската унија.

Во изјавата на Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Макрон и Бајден забележале големо поклопување на ставовите за главните меѓународни прашања.

Макрон и Бајден ги договориле ставовите за борбата против коронавирусот во рамките на Светската здравствена организација, како и за климата по враќањето на САД на меѓународниот договор за климатски промени, додаде француското претседателство.

Претседателите изразиле и желба да работат заедно за да се постигне мир на Блискиот исток, како и да се реши прашањето за иранската нуклеарна програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот