Прв пораз на Тотенхем на новиот стадион (ВИДЕО)

EPA-EFE/WILL OLIVER

По четирите победи без примен гол, фудбалерите на Тотенхем за прв пат ја почувствуваа горчината на поразот на новиот стадион. Тие во рамките на 36. коло се поразени од градскиот ривал Вест Хем со 0:1.  Стрелец на единствениот погодок беше Микел Антонио во 67. минута.


Со поразот, Тотенхем си ја закомпликува позицијата на табелата, тие се трето на табелата со 70 бодови, додека четвртпласираниот Челси има 67 бодови но и натпревар помалку. Арсенал има 66 бодови, додека Манчестер јунајтед има 64 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот