Прв пораз на „Романтичарите“ – Слободен печат
СпортФудбал

Прв пораз на „Романтичарите“

Македонскиот прволигаш е поразен од бугарскиот тим Септември.

Екипата на Работнички во третиот контролен натпревар го доживеа првиот пораз на подготовките во Бугарија. Подобар од „романтичарите“ беше бугарскиот прволигаш Септември кој славеше со 3:1.

Бугарскиот тим победата ја најави во првото полувреме кога дојде до водство од 2:0, а фудбалерите на Работнички во финишот на средбата, во 87. минута преку Лука Станковски успеа само да го ублажи поразот од Септември.

Тренерот Александар Влахо го започна натпреварот со следниот состав: Јанков, Велковски, Борха, Боцевски, Тодоровски, Лазаров, Ацковски, Л. Станковски, Фазлиу, Паповиќ, М. Станковски.

Следен предизвик за Работнички е против екипата од Туркменистан, Алтин Асир, а натпреварот ќе се одигра утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close