Прв пораз на Клоп во преодниот рок

По освојувањето на Лигата на шампионите, Ливерпул полека се фокусира на летниот преоден рок, но уште на стартот доживеа пораз. Една од најголемите желби на менаџерот Јирген Клоп е фудбалерот на Лил, Николас Пепе но тој одби да се пресели на „Енфилд“.

Според француските медиуми, Пепе ги одбил Клоп и Ливерпул но планира да ги одбие и останатите понуди од Англија, бидејќи сака кариерата да ја продолжи во редовите на германскиот шампион, Баерн Минхен.

Лил за да го откаже од својот најдобар фудбалер бара 80 милиони евра, сума која е прифатлива за Ливерпул, Арсенал и Манчестер јунајтед, но и за Баерн Минхен кој ќе излезе како победник во трката за неговиот потпис со англиските екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот