Прв пат во историјата: Сите земји воведоа ограничување на патувањата

Светската пандемија на вирусот „ковид-19“ ги наведе сите земји во светот да воведат ограничувања за патувања, тоа е најстрогата мерка за меѓународно патување во историјата, која досега не ја укина ниту една земја, покажала студијата на Светската организација за туризам „UNWTO“.

-Сите дестинации во сите светски региони воведоа ограничување на патувањата, од кои 83 отсто ограничувања поради ковид-19 траат четири или повеќе недели, и до 2. април не е укината ниту една дестинација., се вели во истражувањето на Светската организација за туризам, „UNWTO“,

45 отсто од државите целосно или делумно ги затворија своите граници за туристите

Од вкупно 217 земји во светот, 45 отсто имаат целосно или делумно затворени граници за туристи, 30 проценти ги суспендираа целосно или делумно меѓународните летови, а 18 проценти имаат забрана за патници од одредени држави, т.н. високоризични земји поради коронавирусот.

UNWTO ги следи ограничувањата за патување, откако е започнато нивното воведување по дестинации во сите светски региони од 30 јануари.

Коментирајќи ја ваквата состојба, генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвил, рече дека со овие ограничувања, туризмот покажа посветеност и ги става луѓето на прво место, но и дека може да биде лидер во закрепнувањето од кризата.

UNWTO ги повикува владите да се заложат за поддршка на туризмот

-Истражувањето за глобалните ограничувања на патувањата може да помогне во навремено дизајнирање и одговорно спроведување на излезни стратегии, помагајќи им на дестинациите да ги олеснат или укинат патните ограничувања кога ќе  бидат безбедни за здравјето. Ова може да ги врати социјалните и економските придобивки од туризмот кон одржливо закрепнување и развој за сите земји-рече Пололикашвил.

UNWTO ги повикува владите да се посветат на поддршка на туризмот во овие невидени предизвици, од кои ненадејно и неочекувано доведе во опасност десетици милиони работни места во светскиот туризам.

Со ова е загрозен и опстанокот на овие луѓе, како и на целокупниот туризам и туристичката индустрија и многу други сродни дејности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот