Прв официјален разговор на Макрон и Трас

Фото Колаж на СП

Францускиот претседател Емануел Макрон го одржа својот прв официјален телефонски разговор со новата британска премиерка Лиз Трас, јави Ројтерс.

Француското претседателство соопшти дека двата лидери се согласиле за нивната желба за зајакнување на соработката.

Во соопштението се вели дека Макрон и Трас се фокусирале на поддршката за Украина и како да одговорат на последиците од конфликтот врз безбедноста на храната и цените на енергијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот