Прв Македонец освојувач на Европскиот куп (ВИДЕО)

Македонскиот кајак репрезентативец во дисциплината спуст настапи викендов на последното финално коло од европските купови во спуст на дива вода.

Љубомир Спасиќ беше дел и од завршната трка во Чешка каде се сумираше севкупниот успех од сите претходни кола, на крајот Македонецот го освои првото место на европската ранг листа.

Со неговиот настап на вчерашниот финален натпревар од европските купови кој се одржа во Чешка Буџевица го потврди и освои првото место во генерален пласман за 2019 година на европската ранг листа на кои учество земаа преку 200 кајакари од 17 држави.

Во текот на оваа сезона настапи на натпреварите од европските купови и во Скопје, Словенија, Германија, Шпанија и Италија. Го подигна толку посакуваниот пехар, а подоцна му претстои учеството на Светското првенство во Шпанија на крајот на септември.

На овие европски купови настапуваше и Александар Златаров кој заврши како четврторангиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот