8 C
Скопје

Прв контингент од Кина: Црна Гора доби 30.000 дози од вакцината на „Синофарм“

Контингент од 30.000 дози од вакцината на кинески „Синофарм“ денеска пристигна во Црна Гора, а го пречека министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ и кинескиот амбасадор во Црна Гора, Лиу Џин.

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ рече дека е потребно сите да бидат свесни за важноста од почитување на епидемиолошките мерки, со цел успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Инаку, досега во Црна Гора пристигнаа 2.000 руски вакцини како донација од Србија, додека од Русија се набавени уште 5.000 дози.

Во првите пет приоритетни категории за вакцинација против коронавирус има 110.000 луѓе, објавено е на веб-страницата covidodgovor.me.

Поради лошата епидемиолошка состојба, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера побара затворање на границите и забрзана имунизација, исто како и експертите од Институтот за јавно здравје.

Прочитајте и...  Пендаровски – Петреску: Со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар