9 C
Скопје

Прв контакт меѓу досегашната и идната администрација на САД: Мајк Пенс и честиташе на Камала Харис

Потпретседателот на САД, Мајкл Пенс и телефонираше на својата наследничка Камала Харис и и честиташе за нејзината идна позиција, рекоа две лица запознати со нивниот разговор, кои побарале да не бидат именувани, јави „Си-Ен-Ен“.

Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа, додека сегашниот претседател Доналд Трамп не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа.

Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар” и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка.

Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност. За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Прочитајте и...  Софија не става вето, туку бара гаранции од Скопје

Поврзани вести

Анкета: Американците очекуваат да имаат жена претседател до 2030 година

Слободен печат

Десетици мигранти успеаја да се пробијат низ оградата од бодликава жица во шпанска енклава во Северна Африка

Слободен печат

Два нови реактора: Чешкиот регулатор одобри проширување на нуклеарната централа Дуковани

Слободен печат

Анкета за изборите во Франција во 2022 година: Без заеднички фронт против Мари ле Пен, Макрон би победил во вториот круг

Слободен печат

Британскиот премиер на средба со американскиот специјален пратеник Кери за климатските промени

Слободен печат

Евростат: Платите на жените во ЕУ за 14 отсто пониски од платите на мажите

Слободен печат

Остави Коментар