Прв грчки брз антигенски тест за Ковид-19

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Грчки научници, преку програма на Министерството за развој и инвестиции на Грција, изработија прв грчки брз антигенски тест (rapid antigen test) за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој и инвестиции на Грција истакнуваат дека станува збор за „многу голем успех за грчката научна/истражувачка заедница” и соопштуваат дека до Организацијата за индустриска сопственост веќе е доставено барање за патентирање на изумот.

Додаваат дека истражувачката програма е во фаза на изнаоѓање на компанија за масовно производство на моноклонални антитела и нивно поставување на специјална мембрана за да се создаде брз антигенски тест на антиген.

Конкретната програма на Министерството, која чини околу 2,9 милиони евра, беше наменета за истражувачки проект за епидемиолошка студија за коронавирусот, а учествуваа десет фондации, институти истражувачки центри, медицински факултети и сл.

Надлежниот заменик министер за развој и инвестиции на Грција Христос Димас вели дека станува збор за големо достигнување.

– Денес бележиме голем успех за грчката научна заедница. Од првиот момент имавме визија за изработка на „грчкиот тест” како алатка за излез од здравствената криза. Тест што може за неколку минути и со сигурност да информира дали оние кои ќе го направат, се носители на вирусот или не – вели Димас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот